Музика и танц - категорија

адаџо повеќе

Вид збор: Прилог
Знак за темпо; бавно, полека.
Англиски: adagio

акорд повеќе

мн. акорди
Вид збор: Именка, машки род
Созвучје, истовремено звучење на три или повеќе тонови со различна висина.
Англиски: chord Албански: akord
Примери:
Последните акорди замреа.

акордеон повеќе

мн. акордеони
Вид збор: Именка, машки род
Стар музички инструмент, сличен на рачна хармоника.
Англиски: accordion

албум повеќе

мн. албуми
Вид збор: Именка, машки род
Музичка плоча.
Англиски: album Албански: album
Примери:
Излезе новиот албум на Есма.

алегро повеќе

Вид збор: Прилог
весело, живо, брзо
Англиски: allegro

алт повеќе

мн. алтови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Длабок женски глас.
Англиски: alto Албански: alto
Примери:
Жена му запеа со треперливиот алт.
Лице што има глас алт.
Англиски: alto Албански: alto
Примери:
Таа ја пееше партијата на алтот од операта.

аранжер повеќе

мн. аранжери
Вид збор: Именка, машки род
Приредувач на музичко дело.
Англиски: arranger Албански: drejtues
Примери:
Тој беше аранжер, композитор и диригент.

аранжира повеќе

аранжираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Приреди, приредува музичко дело за изведување.
Англиски: arrange Албански: aranzhoj
Примери:
Тој ја аранжира песната за Евросонг.

аранжман повеќе

мн. аранжмани
Вид збор: Именка, машки род
изработка, преуредување
Англиски: arrangement Албански: aranzhim
Примери:
музички аранжман

арија повеќе

мн. арии
Вид збор: Именка, женски род
Оперско пеење со инструментална придружба.
Англиски: aria
Примери:
оперска арија

атонален повеќе

атонален
Вид збор: Придавка
Што е без тонален центар или тоналитет.
Англиски: atonal

ахроматски повеќе

ахроматскиот
Вид збор: Придавка
Што не е заснован врз хроматизмот.
Англиски: achromatic
Примери:
ахроматска скала
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш